Фон дер Лајен ја започнува посетата на Западен Балкан, ќе се сретне и со Мицкоски

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана ќе ја започне посетата на Западен Балкан, соопштибзаменик-главниот портпарол на Комисијата Аријана Подеста.

Посетата на Западен Балкан, нагласи Подсета, доаѓа во важен контекст на проширувањето.

„Фокусот е главно на процесот на проширување, плановите за раст итн., кои се од клучно значење за партнерите од Западен Балкан“, рече таа на 18 октомври во Брисел.

Во рамките на својата турнеја низ Западен Балкан, која ќе започне денеска во Тирана, Фон дер Лајен, ќе ги посети и Северна Македонија, БиХ, Србија, Косово и Црна Гора.

Во Тирана, како што изјави Подсета, првично ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама и ќе зборува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе се сретне и со албанскиот претседател Бајрам Бегај.

Истиот ден, таа ќе отпатува за Скопје, каде што ќе се сретне со премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски и со претседателката на таа земја, Гордана Силјановска-Давкова, додаде Подеста.

Фон дер Лајен утре ќе отпатува и за Јабланица во Босна и Херцеговина со цел, како што наведува Подсета, да ги посети областите кои неодамна беа погодени од поплавите.

Во петок таа ќе престојува во Сараево, каде ќе се сретне со Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Бојана Кристо.

Фон дер Лајен ќе се сретне потоа со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ за време на неговата посета на Белград.

По посетата на Белград, претседателката на Европската комисија во сабота ќе ја посети Приштина, каде ќе се сретне со претседателот и премиерот, Вјоса Османи и Албин Курти.

Посетата на Западен Балкан ќе ја заврши во Подгорица, каде ќе се сретне со претседателот на државата Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

Слични содржини