И Тојота се откажува од спонзорството на ЛГБТК+ настани

од Vladimir Zorba
10 прегледи

По Форд, и Тојота реши да се дистанцира од ЛГБТК настаните кои великодушно ги поддржуваше во последните години. Тојота испрати писмо до вработените во кое ги информира за крајот на спонзорството на ЛГБТК+ настаните и за рефокусирање на нејзините програми „различност, еднаквост и вклучување“.

Pричината за ваквата одлука во Тојота е политизирана, односно бројните спорови за ваквите иницијативи на Тојота. Многумина истакнуваат дека ова би можело да биде реакција на објава на конзервативен активист кој ја нападна Тојота за серија обиди за промовирање и финансирање на ЛГБТК заедницата што ги таргетираше „сите возрасти“. Неговото видео имаше преку 5,1 милиони прегледи на мрежата Х и над 16.200 лајкови на Инстаграм.

Тојота ги отфрла ваквите инсинуации. Портпаролот на Тојота рече дека влијанието на објавата е „незначително“ бидејќи околу 30 клиенти го контактирале нивниот центар за повици за „проблемот“, дознава Блумберг.

Наместо да финансира настани како Pride, Тојота ќе се фокусира на STEM иницијативи (наука, технологија, инженерство и математика), се додава.

Слични содржини