Кендрик Ламар: Многу зборувам со Господ, го слушам секој негов збор

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Кендрик Ламар откри дека често се моли и додаде дека „може да го слушне Господ кога зборува со него“. 37-годишниот американски рапер во интервју за Harper’s Bazaar изјави дека духовноста е важен дел од неговиот живот.

„Тоа не е срање или клише. Буквално зборувам со Бога, до тој степен што понекогаш почнувам да мислам дека сум луд. Но, тој ме потсетува и вели: „Ова сум навистина јас. Го слушам секој негов збор“, изјави Ламар на почетокот на оваа година, за време на церемонијата на дипломирање на колеџот Комптон, каде одржа предавање во кое нагласи дека „важно е да се разговара со Бога“.

„Секој ден шетам на плажа и зборувам со Бог. Тој ми е како пријател, како некој со кого сум пораснал. Разговарам со него како да го познавам од раѓање, како тој да ме знае мене”, рекол раперот кој зборуваше за неговата духовност и преку некои негови песни, како што е Faith.

За својата вера зборуваше и претходно. Во интервју за „Билборд“ во 2015 година, Ламар изјавил дека „Бог го спасил од неговото соседство кое било полно со криминал и насилство“. Една година претходно, тој изјави за „Комплекс“ дека „Бог го избрал да ја исполни својата цел користејќи го неговиот глас како инструмент“.

„Имам поголема цел. Господ засади нешто во моето срце, нешто што треба да го пренесам. Ќе се фокусирам на тоа и ќе го направам она што треба да го направам“, заклучил Ламар.

Слични содржини