САД доделуваат 20 милијарди долари кредит за Украина, од каматите добиени од замрзнатите руски резереви

од Milan1
13 прегледи

Американскиот претседателот Џо Бајден изјави дека САД ќе обезбедат за Киев кредит во износ од 20 милијарди долари од каматите добиени од замрзнатите руски резереви на Запад поради агресијата на Москва врз Украина.

Групата на седум најразвиени демократии (Г-7) гарантира дека руските странски резерви во западните банки и финансиски институции кои се во износ од околу 300 милијарди долари, ќе останат замрзнати сè додека Русија не ја прекине својата агресија и не плати репарации за нанесените штети.

Украина треба да добие вкупно 50 милијарди долари кредит.

Дваесетте милијарди долари се делот на САД. Вашингтон планира до декември да ја префрли целата сума во доверителен фонд на Светската банка која ќе ги менаџира средствата. Останатите 30 милијарди доаѓаат од партнерите во Г-7, вклучувајќи ја ЕУ, Велика Британија, Јапонија и Канада.