-Мислам претседателката беше многу јасна и прецизна на прес-конференцијата. Потребно е да работиме, потребно е да работиме напорно за да дојдеме до целта, а целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ. Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги споделуваме европските вредности. Ќе направиме се што е потребно од наша страна да ја доближиме ЕУ до граѓаните, нешто што претставува и задача наша, но и желба, бидејќи повеќе од 75 проценти од граѓаните иднината ја гледат токму како дел од европското семејство, нагласи Мицкоски.