КОЛКУ Е ДОБРА ЗАРАБОТКА ВО ГЕРМАНИЈА? Просечната саатница е 24,59 евра, а просечната плата 4.323 евра

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Многу работа и на крајот не ви остануваат многу пари во паричникот? Во зависност од возраста, полот, образованието и професионалното искуство, бруто платата во Германија може многу да варира.

Затоа е тешко да се направи споредба со просечната заработка во Германија, но може да обезбеди информации за тоа дали вашата сопствена плата е разумно соодветна и на кое приходно ниво припаѓате.

Ако сакате да знаете дали вашиот сопствен приход е соодветен во споредба со другите Германци, можете да ја споредите просечната саатница. Оваа вредност ги вклучува сите приходи – без оглед на видот на вработувањето, односно со полно работно време, со скратено работно време или мал бизнис.

Просечната бруто сатница во Германија била 24,59 евра во 2023 година, објави Заводот за статистика.

Сепак, постојат значителни разлики во зависност од индустријата, професионалното искуство, видот на вработување и регионот.

Во Германија, саатниците се разликуваат и според полот: во 2023 година мажите во просек заработувале повеќе од жените.

Карактеристики на вработеност и просечни саатници во 2023 година

* Просечна саатница – 24,59 евра

* Полно работно време – 25,89 евра

* Вработени на определено време – 18,77 евра

* Вработени со скратено работно време – 13,52 евра

* Работници кои работат преку агенции – 19,43 евра

Според податоците на Заводот за статистика, еден работник со полно работно време заработувал во просек по 4.323 евра бруто месечно во април 2023 година.

Сепак, и тука има суштински разлики – приходот во Германија различно се распределува во зависност од сојузната држава, активноста и полот, пишуваат германските медиуми.

Просечна месечна плата во различни индустрии во 2023 година

Просечна плата – 4.323 евра

Просечна плата во Финансиски и осигурителни услуги – 5.841 евра

Просечна плата на Јавни службеници – 4.324 евра

Просечна плата во Гастрономија – 2.860 евра

Просечна плата во Сектор земјоделство и шумарство – 2.798 евра

Просечна годишна плата: Во 2024 година е пониска од претходната година

„Deutsche Rentenversicherung“ објави колку германските работници просечно ќе заработуваат во 2024 година. Ова е сè уште прелиминарна вредност утврдена од Заводот за статистика.

Просечната годишна плата во Германија е нешто помала во 2024 година од претходната година.

Ова го покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Просечната годишна плата во 2024 година изнесува 45.358 евра, додека претходната година била 51.876 евра.

Еве колку пари имаат Европејците во паричникот

Во тек е „Студија за куповна моќ“ на GfK, која го одредува нето приходот на Европејците. Овде се разгледуваат 42 нации. Според тоа, нето приходот во Европа во 2023 година, според проценката на GfK, изнесувал 17.688 евра по глава на жител.

Лихтенштајн е на врвот на Европа со просечен нето приход од 68.843 евра по глава на жител. На второ место е Швајцарија со нето приход од 49.592 евра по глава на жител.

Следува Луксембург со 40.931 евро.

Слични содржини