Црна Гора е подготвена за приклучување кон Европската Унија и направи значителен напредок на тој пат, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на средба со неговиот црногорски колега Милојко Спајиќ во Будимпешта.
Тој посочи дека се договориле Црна Гора да затвори одредени преговарачки поглавја со ЕУ до декември, извести црногорската национална телевизија РТЦГ.
It was my pleasure to welcome Prime Minister @MickeySpajic to Budapest. #Montenegro has made great progress on the path to EU-accession. I assured him that he can count on the support of Hungary during @HU24EU . 🇭🇺🇲🇪 pic.twitter.com/oavdfE4idK
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) October 24, 2024
Орбан истакна дека во сегашната меѓународна ситуација конкурентноста на ЕУ опаѓа и дека е потребно нешто да се промени. Унгарија го поддржува проширувањето како одговор на овие предизвици.
– Црна Гора е најподготвена за влез во ЕУ и голем дел од преговарачките глави веќе требаше да бидат затворени. Ќе направиме сè ова да се реализира додека Унгарија претседава со ЕУ, изјави Орбан.