Реформите во правосудството не значат само менување на закони, порачаа од Министерството за правда

од Nikola Popovski
23 прегледи

Нашата иднина треба да се темели на градењето на силно, независно и модерно правосудство кое ќе ги исполни очекувањата на нашите граѓани и ќе биде во чекор со европските вредности, велат од Министерството за правда по повод 25 Октомври-Европски ден на правдата.

Според ресорот со кој раководи министерот Игор Филков, владеењето на правото е основниот столб врз кој се потпира секое модерно општество, а реформите се предуслов за градење на доверба меѓу граѓаните и институциите.

-Во изминатиот период, сведоци сме на потребата од сериозни промени во правосудниот систем кои се едни од главните предуслови за напредок во европските процеси. Европската унија е јасна-нема компромис кога станува збор за правдата.

Ние, не можеме да очекуваме економски просперитет, социјална кохезија и стабилност без правичен и независен судски систем. Секако, реформите во правосудството не значат само менување на закони. Тие вклучуваат и промена на културата на работење на правосудните институции. Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, воведување нови технологии за подобра ефикасност, но и зајакнување на механизмите за контрола и отчетност, велат од Правда.

Овие реформи не се само национален приоритет, туку се и дел од нашата евроинтеграција, додаваат од Министерството.

Слични содржини