Волстрит журнал: Путин редовно контактира со Маск, барал да му направи услуга на Си

од Milan1
53 прегледи

Американскиот милијардер Илон Маск е во редовен контакт со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 2022 година, објави денеска „Волстрит журнал“. Како што објави весникот, разговорите се однесуваат на лични работи, деловни интереси и геополитичките тензии.

Разговорите ги потврдиле повеќе сегашни и поранешни функционери од САД, Европа и Русија.

Путин побара од Маск да не ја активира „Старлинк“ во Тајван, тоа е услуга за Си

Во написот, во кој се цитирани две лица запознаени со ова прашање, се вели дека Путин во еден момент побарал од Маск да се воздржи од активирање на сателитската интернет услуга „Старлинк“ во Тајван како услуга за кинескиот претседател Си Џинпинг.

Маск стана клучен поддржувач на кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп оваа година и може да игра важна улога во идната администрација на Трамп доколку републиканскиот кандидат биде реизбран.

Ангажман на Трамп?

Иако САД и нивните сојузници работеа на изолација на Путин во последниве години, дијалогот на Маск со рускиот лидер може да сигнализира можно повторно ангажирање на Трамп во преговорите за критичните прашања, како што е војната во Украина.

„Волстрит журнал“ пишува дека ваквите контакти во администрацијата на Џо Бајден предизвикуваат загриженост за националната безбедност со оглед на позицијата на Путин како еден од главните американски ривали.

Маск, исто така, има воспоставено силни деловни врски со американската војска и разузнавачки агенции, давајќи му увид во некои од најчувствителните американски вселенски програми.

Се чини дека контактите на Маск со Кремљ се строго чувана тајна во владата, а неколку претставници на Белата куќа изјавија дека не биле свесни за нив. Маск не ги коментираше пишувањата на „Волстрит журнал“.

Слични содржини