Мистериозната смрт на четири бебиња во Амалијада, Грција, сериозно ја вознемири јавноста, особено откога се дозна дека во моментот на сите четири трагедии била присутна истата 24-годишна девојка. Две од починатите бебиња биле нејзини, а две на нејзини пријателки.
Сè почнало на 19 јуни 2022 година кога под сомнителни околности починало новороденче, кое имало 19 дена. Станува збор за бебето на осомничената девојка.
Следниот сомнителен инцидент се случил на 17 јуни 2023 година кога починала нејзината втора ќерка, која имала само два месеца. А потоа на 5 август 2024 година се случила уште една трагедија кога починало 15-месечно момче, син на нејзината пријателка. Во меѓувреме, се дознало дека уште едно бебе на втора пријателка на осомничената починало во 2021 година.
Откриено е дека пред десет години животот го загубила и сестрата на осомничената, која ненадејно починала кога имала само неколку месеци, а причината за смртта никогаш не била откриена.
Организацијата „Насмевка на детето“ наведува дека „24-годишната жена очигледно уште од детството била во лоша семејна средина“.
Информирани се сите органи на прогонот и Обвинителството, додаваат од таму.
Ниедно од четирите деца немало траги на малтретирање на телото.