Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски денеска информираше дека ќе има шест нови авионски линии до и од Скопскиот и Охридскиот аеродром. Според Николоски, од 30-ти март 2025 година, двапати неделно ќе се лета Скопје-Дубаи-Скопје со компанијата „Флај Дубаи“.
Од 30-ти јуни 2025, двапати неделно ќе се лета Скопје-Барселона-Скопје. Од истиот ден, трипати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје.
Од следната година, трипати неделно ќе се лета и Скопје-Штутгарт-Скопје.
Во однос на Охридскиот аеродром, двапати неделно ќе се лета Охрид-Базел-Охрид. Исто така „Туркиш Ерлајнс“ од 30-ти март 2025 ќе лета на дестинација Охрид-Истанбул-Охрид.
Министерот информираше дека во моментов, во летниот период на летање на Меѓународниот аеродром- Скопје се оперираат 47 дестинации, а од Охридскиот 8. Во зимскиот период, пак, од Скопје 38 дестинации и 4 од Охрид.
„Визер“ е авионската компанија задолжена за новите летови за Штутгарт, Базел, Барселона и Лион.