Chery се поблиску до нови батерии – досегот ќе се зголеми на 1.500 километри со едно полнење

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Кинескиот производител на автомобили, Chery Auto планира да започне со пробно тестирање на своите батерии во цврста состојба во 2026 година и масовно да ги произведува во 2027 година.

Идејата е досегот на електрични возила да се зголеми на 1.500 километри со едно полнење. Главниот кинески извозник на автомобили очекува батериите да достигнат енергетска густина од 400 Wh/kg оваа година и да достигнат 600 Wh/kg во 2025 година, изјави Гао Ксинхуа, извршен потпретседател на компанијата, на глобалната конференција за иновации. Но, Chery не е единствениот кинески производител кој работи на вакви батерии и тие се далеку од тоа да се обидат да ги развиваат само во таа земја, вели „HAK“.

Групацијата GAC излезе со слична цел за 2026 година, додека Changan, друг кинески државен производител на автомобили, и CATL, најголемиот кинески снабдувач на батерии, ја ставија почетната комерцијализација на батериите во цврста состојба во нивните календари за 2027 година. Јапонските производители исто така ја таргетираат оваа технологија како важна стратешка алатка на пазарот на електрични автомобили. Toyota и Nissan планираат масовно производство до 2028 година.

Овие батерии користат цврст електролит наместо течен електролит за да имаат поголема топлинска стабилност и енергетска густина од постоечките батерии. Сето ова треба да резултира и со намалување на ризикот од пожар во електричните возила.

Слични содржини