Инспектори од АХВ влегоа на пазарот „Бувљак“, запленети 100 кг небезбедна храна

од Nikola Popovski
42 прегледи

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор  на пазарот за стари работи познат како „Бувљак“, во скопската населба Маџари.

АХВ информира дека запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) која се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна.

-Апелираме до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица  може да бидат небезбедни, порачаа од Агенцијата.

Слични содржини