Мартинез по новиот пораз: Ќе направиме се што можеме за да го вратиме Манчестер јунајтед таму каде што заслужува

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Централниот бек на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез остана лут по поразот од Вест хем со 2:1 вчера во Премиер лигата.

„Игравме навистина добро во првото полувреме, но во второто нашето ниво падна“, изјави Мартинез за клупската телевизија MUTV.

„Мразам да губам и мразам што го загубивме овој натпревар. Тоа не е нешто што го сакаме во нашиот клуб“, додаде аргентинскиот репрезентативец.

Манчестер Јунајтед има само три победи во Премиер лигата, заземајќи го 14-то место во провизорниот поредок со 11 бодови.

„Искрено, многу сум разочаран. Пропуштивме многу шанси и тешко е да го прифатиме тоа, но мораме. Ќе направиме се што можеме за да го вратиме клубот таму каде што заслужува“,изјави 26-годишниот фудбалер.

Слични содржини