Јунајтед без тренер! Отпуштен Тен Хаг!

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Ерик тен Хаг!

Одлуката за отказ на Холанѓанецот стапува на сила – веднаш!, пренесоа медиумите на Островот.

Него привремено ќе го замени Руд ван Нистелрој.

Оваа вест ја потврдија од клубот на социјалните мрежи и на официјалната веб-страница.

„Ерик тен Хаг повеќе не е менаџер на првиот тим на Манчестер Јунајтед.

 

Ерик пристигна во клубот во април 2022 година и успеа да освои два трофеи – Лига купот во 2023 година и ФА Купот во 2024 година.

 

Ние сме му благодарни на Ерик за се што направи за време на нашето време заедно и му посакуваме се најдобро во иднина.

 

Руд ван Нистелрој ќе го преземе тимот како привремено решение и ќе работи со актуелниот стручен штаб додека не се најде нов селектор“,

стои во соопштението на клубот.

Слични содржини