Премиерот не очекува поскапување на струјата за домаќинствата

од Nikola Popovski
19 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.

-Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата, изјави премиерот Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани.

Порано утврдувањето на цената на струјата се правеше еднаш годишно на крајот на годината.

Од 1 јануари оваа година беше воведена евтината тарифа преку ден, односно од 13 до 15 часот, но и покрај тоа имаше поплаки од граѓани кои велеа дека трошат исто, но плаќаат повеќе.

Слични содржини