Златната топка има нов сопственик. Престижното признание на „Франс фудбал“ вечерва во театарот „Шатл“ му припадна на шпанскиот репрезентативец Родриго, кој со споменатата селекција го освои Европското првенство и беше најкорисен играч на турнирот. Наградата на Родриго му ја врачи легендарниот Жорж Веа.
Со Манчестер Сити, споменатиот играч од средниот ред ја освои титулата во Премиер лигата и ФА Купот, а беше и апсолутно најдобар играч во тимот на Пеп Гвардиола.
RODRI IS THE 2024 MEN’S BALLON D’OR! #ballondor @ManCity @ChampionsLeague pic.twitter.com/heWvSQsOxn
— Ballon d’Or (@ballondor) October 28, 2024
„Неверојатна ноќ за мене. Ви благодарам за оваа награда на „Франс Фудбал“, потоа на луѓето од светот на фудбалот и на сите кои ми овозможија да го добијам ова признание. Ова е посебна вечер не само за мене туку и за целото семејство“, рече Родри.
На оваа награда се надеваа во Реал Мадрид, но непосредно пред патувањето во Париз од Манчестер Сити ги „информираа“ дека престижната „Златна топка“ ќе ја добие нивниот играч.
RODRI, YOU WON IT! You’re our 2024 Ballon d’Or! #ballondor @ChampionsLeague pic.twitter.com/z4Xwgp8s9T
— Ballon d’Or (@ballondor) October 28, 2024
Лионел Меси осум пати ја освојуваше наградата „Златна топка“, што го прави најдобар во историјата. Зад него е Кристијано Роналдо кој пет пати ја освојуваше Златната топка, а по три имаат Платини, Кројф и Ван Бастен.