Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка, информираа од општината. Според градоначалникот Костадин Костадинов, анализи од Институт за Ветерина, 3 акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побиле резултатите на Институтот за Јавно Здравје.
-Струмичкиот отпор и пркос даде резултат. Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната! На сите кои се ситевте во овие за нас струмичани тешки и мачни денови, ви простувам од дното на мојата душа. Останува да се седне повторно со надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на брана Турија! Народе мој благодарам на истрајноста, трпението и поддршката која ми ја дававте мене и на професионалците од ЈПКД Комуналец, во оваа битка за Струмица, стои во објавата на првиот човек на општина Струмица.
Интересите на граѓаните да се стават над интересите на партиите, побара вчера претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски по најавите за повлекување на градоначалниците на Струмица и Карпош.
Стевче Јакимовски се предомисли и присуствуваше на состанокот. Очекува Ѓоргиевски да овозможи поголема соработка на оваа општина со министерствата.
Присуствуваше и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов од кој ЗЕЛС се очекува да биде медијатор за на маса да седне и градоначалникот на Струмица, кој си поднесе оставка како член на Управниот одбор на ЗЕЛС.
Ѓоргиевски вели обидите да му се помогне на Костадинов во решавањето на проблемите со струмички водовод биле безуспешни.
Од МЗВШ велат дека проблемот е што не се инвестирало во модернизација на водовод и пречистителни станици.