„Њујорк тајмс“: Мајкл Блумберг донира 50 милиони долари за поддршка на Камала Харис

од Илинка Илиоска
13 прегледи

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, донираше 50 милиони долари на непрофитна организација која ја поддржува кандидатурата на демократската кандидатка на изборите во САД, Камала Харис, пишува „Њујорк Тајмс“.

Иако Блумберг вообичаено јавно зборува за донации, овој пат тоа сакал да го задржи во тајност, додава њујоршкиот весник.

Тој ги пренасочил парите за Future Forward USA Action, кој е дел од Комитетот за политичка акција на Камала Харис и се занимава главно со анонимни донации.

Според Форбс, богатството на Блумберг се проценува на 105 милијарди долари, а Блумберг претпочита да дава донации кон крајот на изборната кампања.

Неодамна, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, исто така донираше 50 милиони долари за кампањата на Харис.

Слични содржини