Лажна дојава за поставена бомба во фабрика во Скопје

од Nikola Popovski
42 прегледи

Утрово имало дојава за бомба во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската ТИРЗ, во населбата Илинден. Ваквата информација пристигнала на службениот мејл на фабриката.

Веднаш биле упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам. Сите вработени го напуштиле објектот додека траеле проверките.

„Утрово околу 08:20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице, населба Илинден пријавила дека на службениот меил на правното лице, во 06:00 часот утринава стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Во моментов се на терен и екпи на СВР Скопје и единицата за антитероризам. Откако биле направени сите потребни прверки се укажало дека не била пронајдена експлозивна направа, константирано е дека стаува збор за лажна пријава“, информираат од МВР.

Се работи на пронаоѓање на сторителите.

Слични содржини