„Очекувам напредок“: Барбара Буш ја поддржа Камала Харис во изборната кампања

од Илинка Илиоска
18 прегледи

Барбара Пирс Буш, ќерка на поранешниот претседател на САД, републиканецот Џорџ Буш помладиот, ја поддржа кампањата на демократската кандидатка Камала Харис.

Минатата недела таа учествувала во мобилизација на гласачи во сојузната држава Пенсилванија, објави списанието „Пипл“.

Барбара Буш изјави дека очекува Харис да донесе напредок за земјата и да ги заштити правата на жените.

За разлика од неа, Џорџ Буш помладиот и овој пат одби да поддржи кој било претседателски кандидат, што го практикува уште од 2016 година, кога републиканците го номинираа Доналд Трамп.

Меѓу другите републиканци кои ја поддржуваат Харис се и поранешниот потпретседател Дик Чејни и неговата ќерка, Лиз Чејни, поранешна конгресменка од Вајоминг, на кои Трамп неодамна им се обрати како „воени хушкачи“ на митинг во Мичиген.

Слични содржини