(ВИДЕО) Историска акција во Боливија: Запленети и уништени 21,6 тони кокаин наменет за Германија

од Илинка Илиоска
20 прегледи

Во Боливија се уништени 21,6 тони кокаин по најголемата заплена на дрога во историјата на земјата, објавија властите.

Кокаинот бил пронајден на 15 октомври во пратка со соја.

„Ги информираме Боливија и меѓународната заедница за денешното согорување 21,6 тони конфискуван кокаин“, објави на „Фејсбук“ министерот за внатрешни работи, Едуардо дел Кастиљо.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во последните години во една операција, рече министерот.

Пратката со кокаин била наменета за Германија.

Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин по Перу и Колумбија.

Слични содржини