17
Во Газа успешно заврши акцијата за спасување на едно дете од под урнатините. По спасувачката акција детето според социјалните медиуми е со помали повреди.
Последното израелско бомбардирање во вторникот вечерта погоди неколку куќи во сопственост на семејството Ал-Лух, соопшти палестинската цивилна одбрана во Газа.
Нападот се случи помалку од 24 часа по бомбардирањето на петкатната зграда во сопственост на семејството Абу Наср во Беит Лахија, во кој меѓу 93 жртви има најмалку 25 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа.