1,3K
Синоќа пред трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје, случајните минувачи беа сведоци на несекојдневна сцена. Паркиран автомобил беше „украсен“ со натписи кои сугерираат на љубовна одмазда.
На возилото беа испишани зборови како „дебил“, „идиот“ и „cheater“. Очигледно, некогашна убава љубовна приказна завршила со горчлив крај, манифестиран преку креативна, но брутална реакција.
Иако мотивите и деталите остануваат неразјаснети, прашањето што се поставува е: кога животот ќе ни зададе удар, дали ќе се осмелиме на отворена одмазда или ќе избереме тивко заминување? Што би направиле вие во слична ситуација?