Nissan планира градски електричен автомобил за Европа на платформата на Renault

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Британските медиуми пишуваат дека Nissan е во рана фаза на развој на електричен градски автомобил за Европа, поврзан со идниот Renault Twingo EV.

Јапонската фирма започна разговори со Ampere EV дивизијата на Renault за развој на електричен автомобил „А-сегмент“ базиран на Ampr Small платформата која е основа на новиот Twingo EV.

Во телевизиско обраќање до медиумите во производствениот центар на Ampere ElectriCity во северна Франција, извршниот директор на Nissan, Макото Учида, откри дека компанијата планира повторно да влезе во европскиот сегмент на градски автомобили, користејќи платформа обезбедена од нејзиниот француски партнер.

Тој не откри детали за тоа како би можел да изгледа новиот модел, кога би можел да пристигне или колку би можел да чини, но нагласи дека клучната причина за работа со Ampere се помалите трошоци за развој и временските рокови кои произлегуваат од користењето на веќе развиена платформа.

„Преку ова партнерство имаме за цел да ја оптимизираме покриеноста на нашиот европски пазар. Со Ampere, се стремиме кон многу кратко време на развој, што значи дека можеме да го испорачаме ова ново возило во најдобро време за пазарот“.

Renault веќе се обврза да го донесе Twingo EV на пазарот за помалку од 20.000 евра.

Учида додаде: „Ние се стремиме кон паметен автомобил за возачите на утрешнината, кој ќе биде добар за клиентите, добар за нас и добар за Ampere. Овој автомобил ќе обезбеди удобност и напредна функционалност, но во помало пакување и по атрактивна и прифатлива цена“.

Тој призна дека разговорите се уште се во рана фаза, но рече дека овој потег „претставува проширување на нашата соработка во различни сегменти на возила“ и „ја демонстрира силата на нашиот сојуз и нашата заедничка желба да иновираме за клиентите“.

Nissan нема продадено автомобил помал од Micra во Европа откако го лансираше Pixo пред повеќе од една деценија, а во годините потоа го зголеми својот фокус на кросовери и електрични возила.

Слични содржини