Русија го казни Google со луда сума: Таква сума пари нема во целиот свет

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Рускиот суд му одреди финансиска казна на Google за отстранување на рускиот ТВ канал Царград во 2020 од Јутјуб. И тоа само по себе не би било ништо невообичаено, ако сумата наведена како казна не беше, добро, малку луда. Во 2020 година, Google беше казнет со 100.000 рубли дневно, со напомена дека оваа сума ќе се удвојува на секои 24 часа доколку не се плати. И за четири години се акумулираше.

Имено, казната е 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари. Да, добро прочитавте. Износот, кој го одреди рускиот суд пред четири години, во меѓувреме порасна на неверојатни височини – 20 и 33 нули, бројка која гласи како 20 децилиони долари.

Ако ви е тешко да ја замислите таа бројка, не сте единствените. За споредба, глобалниот БДП, според ММФ, достигнува „смешни“ 110 илјади милијарди долари (110 и 12 нуло).

Според руските медиуми, јасно е дека Google нема да ја плати казната, а руските судови нема да можат да ја наплатат. Делумно затоа што матичната компанија на Google Alphabet има пазарна капитализација од само 2 трилиони долари, што е само капка во морето во оваа казна. Дополнително, пресудите на руските судови важат само во таа земја, па Google може да продолжи да работи во остатокот од светот.

Имено, Google официјално ја затвори својата руска подружница во 2022 година и прогласи банкрот, но многу услуги на Google се уште се достапни во Русија. Меѓу нив е и спорниот за Русија – YouTube.

Слични содржини