Што доколку Бугарија не избере нова влада? Муртезани: Не е време за хипотетички тези

од Nikola Popovski
46 прегледи

Што доколку во Бугарија не се избере нова политичка влада и се отиде на осми избори по ред во последните неколку години, со оглед дека македонската влада чека за да може да седне и разговара за уставните измени? Кој е планот Б? На ова прашање денеска одговари министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани на прес-конференцијата со евроамбасадорот Михалис Рокас.

-Мислам дека не е моментот да почнеме да градиме хипотетички тези. Се што беше кажано е кажано. Сега е време за изнаоѓање на решение, одговори кратко Муртезани.

Се чека исходот од политичката ситуација кај нашиот источен сосед, што беше евидентно и претходно, како што најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Сега е период кога апсолутно ништо не може да се случи во тој процес, бидејќи како што знаете имаме период кога во Бугарија ќе се случуваат нови седми по ред, во последните три години предвремени парламентарни избори. Да почекаме да се случи таму политичка Влада, за да видиме дали постои желба за дијалог. Ние сме подготвени да разговараме, сакаме да разговараме и тоа го пренесуваме на нашите соговорници, кои доаѓаат од Брисел. Инаку што се однесува до нашите предлози, тие во јавноста се познати, коментирани многу пати до сега, изјави неодамна Мицкоски.

Бугарија има проблеми со техничките влади откако беа организирани протестите во 2020 година, кои придонесоа за уривањето на коалицијата што ја предводеше десничарската партија ГЕРБ, предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, во чиј последен мандат беше потпишан Договорот за пријателство и соработка.

Слични содржини