Samsung го развива Galaxy S25 Slim како одговор на тенкиот iPhone 17 Air

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Samsung, наводно, работи на „тенка“ верзија на својот претстоен предводник Galaxy S25 за да се натпреварува со плановите на Apple за тенок телефон iPhone 17 Air.

Следната година Apple планира да претстави ултра тенок модел „Slim“ или „Air“ во линијата iPhone 17. Според извештаите, овој уред ќе има екран од 6,55 инчи, само една камера и ќе биде направен од алуминиум наместо од титаниум. Засега нема точни информации за дебелината на моделот „Slim“, но се чини дека во оваа трка сака да се вклучи и Samsung.

Извештајот од ETNews открива дека Samsung планира да го лансира телефонот Galaxy S25 „Slim“ по првичното објавување на серијата Galaxy S25 следната година. Уредот ќе се појави во „ограничени количини“ и би можел да биде лансиран во април, според @Jukanlosreve. Сè уште не е јасно како „Slim“ уредот ќе се разликува од остатокот од серијата, освен што е потенок.

Доколку овој „тенок“ модел биде добро прифатен од корисниците, Samsung планира да ја интегрира оваа нова форма во серијата Galaxy S26.

Во Apple се очекува „Slim“ да ја замени верзијата iPhone 17 Plus, додека за Samsung се уште не е јасно каде би се вклопил овој модел. Galaxy S24+ беше уредот со најбрзо растечка продажба во линијата S24 оваа година, па замена на овој модел со потенок телефон секако не доаѓа предвид.

Слични содржини