Дурмиши: Новите кошнички нема да траат повеќе од еден месец

од Nikola Popovski
29 прегледи

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши информира дека со мерката „есенска потрошувачка кошница“ која што заврши вчера, цените на производите се намалиле во просек од 5 до 10%. Според него, кај некои производи како што се лебот, маслото за јадење и млекото, намалувањето на цените било помало или воопшто го немало.  Од друга страна додава дека кај месото, зеленчук и млечни производи, намалувањето на цените било значително поголемо.

Дурмиши повторно најави дека во периодот кој што следи ќе има и „божиќна“, „рамазанска“ и „велигденска кошничка“. Вели дека постојано е на состаноци со дистрибутерите и производители и со сите засегнати страни околу најновите одлуки на Владата. Новите кошнички и мерки нема да траат повеќе од еден месец односно со пократок рок на траење – од 15 до 30 денови.

Доколку дојде зголемување на цените од овој месец, без никаква основа, истакна Дурмиши, Министерството за труд ќе ги преземе сите мерки кои што ги има на располагање и ќе дејствува со поригорозни одлуки.

-Божиќната кошничка ќе започне кон крајот на годината и на тие одредени производи кои им требаат повеќе на граѓаните, да им бидат стабилни цените, рече министерот на прес-конференција.

Слични содржини