46
На стариот дел од Железничката станица во Нови Сад, денеска околу 12 часот, се урна дел од настрешницата. На местото на настанот се присутни екипи на Брза помош и полицијата, а според првичните информации, најмалку едно лице загина, а има и повредени.
Стаклената тераса на старата новосадска Железничка станица падна денеска околу 12 часот, над влезните врати на објектот на станицата.
View this post on Instagram
На местото на настанот се наоѓаат и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Од Брзата помош изјавија дека во овој момент не можат да зборуваат за бројот на повредени и степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек.