Осимен ќе остане во Галатасарај до крајот на сезоната

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен потврди дека ќе остане во турскиот клуб Галатасарај до крајот на сезоната.

Осимен му се приклучи на гигантот од Истанбул како позајмен од италијанскиот Наполи во јуни и не размислува за предвремено заминување.

Тој го постигна победничкиот гол за Галатасарај во нивната победа од 2-1 над Бешикташ во понеделникот и по натпреварот беше категоричен дека неговите планови се да остане во клубот до следното лето.

Запрашан дали ќе остане во турскиот тим, Виктор Осимен одговори: „Tuka? Очигледно!“

Италијанските медиуми го поврзуваа нигерискиот ас со трансфер во Јувентус во зима.

Осимен со Галатасарај на седум натпревари во сите натпреварувања постигна 4 гола и 4 асистенции.

Слични содржини