Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по трагедијата што се случи во Нови Сад, кога се урна дел од зградата на Железничката станица, при што загинаа 14 лица.
– Нѐ снајде голема трагедија. Главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе. Се уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме се за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најблиски, рече претседателот во солзи.
– Нема да се занимавам со оние кои би се криеле од одговорност под покровителство на властите. Барам од Вишото обвинителство во Нови Сад одговорните за тоа што се случи да бидат кривично гонети и најстрого казнети. Барам и политичка и кривична одговорност.
За потсетување, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека во текот на истрагата од урнатините досега се извлечени 14 тела на починатите, од кои идентификувани се две женски лица – А.Р. (20.) и А.Ќ.С. (35) години и пет машки лица – Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45) години.
Поради здобиените повреди во овој настан, во Клиничкиот центар Војводина се примени три лица чиј идентитет се уште не е утврден, од кои две женски и едно машко.