Мицкоски до ДУИ: Нека се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време

од Nikola Popovski
182 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска порача дека во опозицијата има лажни лица – „меѓусебно се храбрат, а кога ќе дојде работата да се испорача храброста, некако кукавички се затскриваат“, кажа тој по извршениот надзор на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д. Околу говорот на премиерот во Собрание за време на седницата за пратенички прашања и барањето дека доколку сакаат од СДСМ, може да се организираат парламентарни заедно со локални избори во 2025 година, Мицкоски вели дека во партијата од „Бихаќка“ само импровизираат, а не испорачале нешто што е важно за граѓаните.

За Мицкоски, приоритет на оваа Влада е да се испорача тоа што граѓаните го бараат – борбата против криминалот и корупцијата, напорна работа, проекти, реформи…

-Разбирам дека раководството на ДУИ не сака да биде во опозиција, исплашени дека конечно ја чувствуваат одлучната на Владата за борбата против криминалот и корупцијата. Свесни се дека доаѓа денот кога ќе треба да бидат одговорни. Затоа непринципиелно се храбат и мислат дека ќе магнетизираат  повеќе гласачи. Мојата порака е да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време, ќе се подготвуваме, рече претседателот на Владата, како реакција на вчерашното барање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека се согласува за двојни избори следната година.

Ахмети меѓу другото од Боговиње рече дека ја поддржува идејата на премиерот во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.

-Самиот Мицкоски вчера изјави дека ќе имаме предвремени парламентарни и локални избори по една година. Македонската опозиција мора да биде храбра затоа што немаат што да загубат, нека се подготват добро по една година на терен на избори со ВМРО, а ние на избори со сите оние кои не мислат како нас и се претставуваат како претставници на Албанците во институциите на државата, изјави синоќа првиот човек на ДУИ.

Слични содржини