Меси откри што не сака да биде кога ќе ја заврши играчката кариера

од Nikola Popovski
34 прегледи

Лионел Меси, еден од, ако не и најдобриот фудбалер досега, не сака да стане тренер по завршувањето на неговата играчка кариера.

Меси има 37 години и игра за Интер Мајами, а се уште не планира да ја заврши својата играчка кариера.

Но, свесен е и тој, но и љубителите на фудбалот, дека наскоро ќе дојде редот да се пензионира како играч, а Меси не планира да стане тренер.

„Не планирам да бидам тренер кога ќе се пензионирам. Тоа не е нешто за што размислувам“, изјави славниот Аргентинец.

Се уште е неизвесно дали Меси ќе го видиме на Светското првенство во 2026 година.

„Не знам, точно е дека ме прашуваа неколку пати, особено во Аргентина. Се надевам дека ќе ја завршам оваа година одлично, ќе имам добра подготовка, која ја немав минатата година, со сите патувања што ги имав. Тогаш ќе видам како ќе се чувствувам“, рекол Меси.

Следниот натпревар Интер Мајами го игра ноќта меѓу сабота и недела, а противник ќе биде Атланта Јунајтед. Тоа ќе биде реванш од осминафиналето на МЛС, при што Интер го доби првиот меч со 1:0.

Слични содржини