По трагичната смрт на Пејн, членовите на „One direction“ стравуваат за уште еден колега

од Nikola Popovski
39 прегледи

Лијам Пејн, членот на групата „One direction“, неодамна трагично го загуби животот на 32-годишна возраст, паѓајќи од хотелска тераса во Аргентина, а членовите на познатиот бенд сега стравуваат за уште еден пејач.

Трагичната смрт на Лиам ги погодила сите членови на бендот и тие решиле да направат заедничка група на „Whatsapp“ за да можат да се поддржуваат меѓусебно, тврдат странски извори.

Според „RadarOnline“, уште еден нивен член има сериозни психички проблеми.

„Смртта на Лиам јасно истакна колку ниско некој може да падне речиси пред очите на сите, а екипата ветила дека тоа никогаш повеќе нема да се случи. Зејн Малик со години се бори со својата психа и дури призна дека ретко излегува, освен ако не се чувствува премногу добро“, открил анонимен извор.

Бидејќи семејството на Зејн живее во Бредфорд, Шкотска, а неговата ќерка Каи со нејзината мајка, моделот Џиџи Хадид, во Америка, пејачот е прилично осамен.

Поради оваа причина, останатите членови на „One direction“ се трудат да бидат со него во овие тешки моменти и да му пружат секојдневна поддршка.

„Сите тие се согласија дека сега имаат поредовен контакт еден со друг, а Зејн е главен приоритет“, додал изворот.

Да потсетиме, Зејн ја напушти групата во 2015 година, а неодамна се откажа од закажаната турнеја и ја презакажа за во 2025 година.

Слични содржини