Се чини дека ограбувачите го гледаат Ноќта на вештерките како совршена можност за грабеж, а оваа година жртва беше познатата актерка Сара Џесика Паркер. Иако нејзиниот дом најверојатно е полн со скапи предмети, во станот на американската актерка не влегле провалници. Тие застанале пред влезната врата и украле украсни виолетови тикви од влезната врата на нејзиниот дом во Вест Вилиџ.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик живеат во нивниот дом вреден 35 милиони долари во Вест Вилиџ, Њујорк. Во 2016 година, тие купиле пар куќи за неверојатни 34,5 милиони долари, а во текот на изминатите осум години продолжиле со изградбата и реновирањето, полека спојувајќи ги двата дома во еден.
Го украсиле просторот пред куќата со виолетови и златни тикви, но вечерта на 31-ви октомври, украсите ги немало. Сепак, на вратата на семејството имало белешка со натпис „Срамота за крадците на тикви!!!“.
Интересен факт е што Сара била жртва на исто злосторство и пред пет години, во 2019 година, кога и тогаш крадци украле украсени тикви пред нејзиниот дом.