📷Северина поради трагедијата во Нови Сад го прозва Вучиќ: „Најголемата натстрешница на Србија“

од Nikola Popovski
207 прегледи

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ, која е позната по тоа што го искажува својот став за секое актуелно општествено прашање, јавно го прозва претседателот на Србија, Александар Вучиќ за трагедијата што се случи во Нови Сад, во која при уривање на настрешницата на железничката станица загинаа 14 лица, а три лица се тешко повредени.

Северина на својот Инстаграм сподели наслови на текстови во кои ја прозива актуелната власт во Србија, а го критикува и апсењето на организаторите на протестот.

За потсетување, следеа критики и протести токму поради тоа што граѓаните на Србија сметаат дека смртта на загинатите во Нови Сад е директна последица на корупција, негрижа, пропусти при контрола на квалитетот и извршување на работите, статика и други работи кои би можеле да евентуално да ја спречат смртта на лицата кои се најдоа во тој кобен момент.

Во согласност со сето наведено, Северина на својот Инстаграм објави фотографија од Вучиќ над која со емотикон на кловн го стави описот „Најголемата натстрешница во Србија“. Покрај сликата, ја сподели и песната „Живеј слободно“ на легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ.

Кон крајот на месец август, српскиот претседател изјави дека приведувањето на хрватската пејачка Северина Вучковиќ на српската граница е непотребно. Тој оцени дека тоа е непотребно не поради неа, за која, како што рече, „мисли најлошо“, туку затоа што Србија треба да се разликува од Хрватска.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, претходно на 26 август потврди дека граничната полиција ја привела Северина врз основа на списоци на „вербални престапи“ и најави дека во иднина ќе ги опфати само оние кои извршиле кривични дела и оние кои претставуваат безбедносна закана.

Пејачката на 26 август објави дека „никогаш повеќе нема да дојде во Србија додека Вучиќ е на власт“.

„Ја сакам Србија во која 100.000 Срби протестираат за заштита на животната средина и за да ја спасат својата земја. А тој што моментално е на чело на Србија нема да го оттргне вниманието од проблемите со кои се соочуваат Србите во Србија со моето малтретирање“, напиша Вучковиќ по инцидентот.

Слични содржини