Памела Андерсон проговори за заминувањето од Холивуд: „Не сакав тоа да ме дефинира“

од Nikola Popovski
32 прегледи

На почетокот на пандемијата со Ковид-19, актерката Памела Андерсон реши да го напушти Холивуд и да се пресели во Ванкувер, а пред неколку дена реши јавно да проговори за причините за таа одлука.

Таа е родена и израсната во Британска Колумбија и вели дека сака да се врати на своите корени. Во изјава за „WWD.com“, порачала дека за неа тоа е враќање дома и можност да го погледне својот живот и да се сети која била.

– Не сакав она што се случи во Холивуд да дефинира која сум јас. Сакав тоа што го правам да ме дефинира и сите овие сознанија ми дојдоа во мојата градина. Ме инспирираше за многу идеи и деловни потези, изјавила таа, пишува „Klix.ba“.

Оваа година Андерсон стана и ко-основач на вегански бренд за убавина, па градината и послужи како инспирација и за тоа. Долги години живееше во Малибу, Калифорнија и често изјавуваше дека таму не била среќна и дека се чувствувала тажна, осамена и погрешно разбрана.

Слични содржини