Џастин и Хејли Бибер на Инстаграм ја објавија првата заедничка фотографија со синот Џек кој се роди во август. Славниот пар со своите следбеници сподели фотографија која е создадена по повод Ноќта на вештерките, а тие се маскираа во ликови од цртаниот филм Ким Посибл. Хејли беше истоимената хероина, Џастин беше пријателот Рон Стопебл, а малото момче беше облечено како кртот на Рон, Руфус.
Лицето на Џек не беше свртено кон камерата.
Обожавателите беа трогнати и во коментарите им порачаа дека се прекрасно семејство. „Не знам зошто некои луѓе не те сакаат, прекрасна си“, „Секогаш треба да си толку среќна“, „Улогата на родител толку ти одговара“, продолжија коментарите.
Хејли ја објави оваа семејна фотографија заедно со уште неколку интересни моменти од октомври, а објавата досега собра четири милиони лајкови на Инстаграм.
За потсетување, славниот пар веста за новороденчето ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. „Добредојде дома“, напишале новопечените родители покрај фотографијата од стапалата на момчето кое го нарекле Џек Блуз Бибер.