Полицајци во главниот град на Перу, Лима, ја искористија Ноќта на вештерките на најдобар можен начин. Маскирани како суперхероите Дедпул и Волверин, тргнаа во акција за апсење. И успеаа. За време на „суперхеројската“ рација, уапсија четири члена на нарко-банда, запленија голема количина дрога и уште поголема количина пари. Дилерите веројатно не очекувале вакво нешто.
Полицајците се од специјализираната единица за борба против наркотиците „Escuadrón Verde“ на Националната полиција на Перу. Апсењето се случи на 31 октомври, а снимките покажуваат како осомничените се водат во лисици од страна на Дедпул и Волверин, додека дрогата и парите беа запленети за време на рацијата на куќа во дистриктот Римак во Лима.
📷 Caracterizados como personajes de cómics, integrantes de la Policía Nacional del Perú detienen a criminales involucrados en la venta de droga. pic.twitter.com/PkQ52kxAvi
— puntonetmx (@puntonetmx) November 1, 2024
Двојката беше снимена како со големи токмаци упаѓаат во куќата.
Запленија 54 вреќи кокаин, 850 пакувања паста која содржи кока и околу 2.000 перуански соли, што е речиси 500 евра, пренесоа локалните медиуми. Запленетите предмети беа прикажани на прес-конференција, на која полицајците исто така носеа костими.
Ова не е прв пат перуанските полицајци да користат костими. Минатиот декември беше уапсена двојка дилери поради продажба на кокаин и марихуана. Полицаецот кој ги уапси беше облечен како Дедо Мраз.
Полицијата го следела двојцата подолго време и пред апсењето три пати продале дрога на тајни полицајци.
Сепак, ни тоа не е единствен пат кога користеле костими. И во 2022 година така апселе криминалци. Тогаш носеа костими на Тор, Спајдермен, Капетан Америка и Црната вдовица и привеле четири члена на банда.
Обединетите нации го сметаат Перу за најголем производител на кокаин во светот.