Швајцарците буквално спијат на злато

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Златото е добро прибежиште за средства бидејќи претставува осигурување во случај на животни тешкотии. Затоа не е изненадувачки што голем број Швајцарци поседуваат злато.

Една неодамнешна студија на Универзитетот во Сент Гален покажа дека 65,2 отсто, или две третини од 3.000 испитаници во Швајцарија, веруваат дека инвестирањето во благородни метали е разумно. Имено, златото е еден од омилените облици на инвестирање за жителите на оваа богата земја, но недвижностите, акциите и обврзниците се уште се водечки.

Професорот по економија на Универзитетот во Фрајбург, Серџо Роси не е изненаден од интересот на неговите сограѓани за злато. Според него, политичките и макроекономските промени предизвикуваат загриженост во целиот свет, вклучително и во Швајцарија.

„Има инфлациски притисоци кои предизвикуваат страв од пад на вредноста на штедењето во банките. Златото има репутација на сигурна инвестиција која не губи вредност. Луѓето кои можат да си го дозволат тоа купуваат злато за да го зачуваат или дури и да го зголемат својот имот“, додава Роси.

Тој истакна дека богатството на просечниот Швајцарец е многу поголемо отколку во многу други земји. Како што наведе, Швајцарците можат да купат големи количини злато, што е тешко или невозможно во многу други земји.

Истражувањето даде импресивни резултати. Имено, утврдено е дека 22 отсто од испитаниците поседуваат во просек по 100,83 килограми злато во вредност од 7.500 франци (15.700 евра). Се проценува дека меѓу населението на Швајцарија има вкупно 200 тони злато во вредност од 14,9 милијарди франци (30 милијарди евра). Понатаму, истражувањето покажало дека 43 отсто од нив би продавале злато само во итен случај.

Начинот на кој Швајцарците го кријат своето злато може да се спореди со пирати. Имено, пет отсто од испитаниците изјавиле дека го закопале во градината. Се проценува дека под земја има десет тони злато, во вредност од 750 милиони франци (1,5 милијарди евра).

Дополнително, 15 отсто од испитаниците изјавиле дека благородниот метал го чуваат скриен дома, додека 18 отсто изјавиле дека го чуваат во домашен сеф. Професорот Роси рече дека е изненаден кога дознал дека луѓето се уште го закопуваат златото, а тоа укажува на недоверба во банките, на што банките треба да обрнат внимание, пишува порталот swissinfo.

Слични содржини