Ердоган: Најдобар одговор на „ционистичката агресија“ врз Газа и Либан би бил што повеќе земји да ја признаат државата Палестина

од Milan1
40 прегледи

Еден од најдобрите одговори на „ционистичката агресија“ врз Газа и Либан би бил што повеќе земји да ја признаат државата Палестина, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој ја истакна суштинската потреба исламскиот свет да ги остави настрана несогласувањата и да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ во нивната, како што рече, праведна борба против израелската агресија, јавува агенцијата „Анадолија“.

Говорејќи на отворањето на 40. седница на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка (COMCEC) на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, Ердоган повторно посочи дека во Газа се случува еден од најбруталните геноциди на векот.

Слични содржини