Таравари: Со локалните избори завршува политичката кариера на Ахмети

од Nikola Popovski
393 прегледи

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари смета дека со локалните избори се очекува да заврши политичката кариера на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

-Мислам дека политичкиот крај на Али Ахмети ќе бидат локалните избори. Верувам дека ВЛЕН ќе оствари убедлив резултат и господинот Ахмети таа вечер ќе излезе и ќе го прифати поразот на локалните избори и верувам дека неговата политичка кариера, за среќа или за жал, во зависност од тоа кој како ќе ја види, ќе заврши, рече синоќа Таравари во емисијата „Клик плус“.

Функционерот додава дека „мајсторијата“ на Ахмети била што секогаш успевал да ги распарчи или да ги оневозможи да се соединат како што тоа го направи ВЛЕН на изминатите избори.

Лидерот на ДУИ вчера уште еднаш порача дека доколку загуби на изборите, ќе се повлече од политиката. Ова Ахмети го истакнал од Куманово на средба со граѓаните.

-Слушнав, бараат кај нотар да сум потпишал, дека доколку со еден глас ги загубам изборите, да не бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе се повлечам од политиката и ќе си одам дома, кажал Ахмети.

Слични содржини