Четврти тренер од почетокот на сезоната: Седлоски се враќа во Вардар

од Nikola Popovski
11 прегледи

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација и тренер на неколку клубови, Гоце Седлоски се враќа на кормилото на скопски Вардар. Седлоски е четвртиот тренер од почеткот на сезоната во најтрофејниот македонски клуб. На клупата ќе го наследи Срѓан Захариески кој вчера спогодбено се раздели со клубот.

Седлоски се враќа во Вардар откако во периодот од 2015 до 2017 година беше на клупата на скопскиот клуб и со него освои две шампионски титули.

Вардар ја објави информацијата за новиот тренер преку нивниот профил на „Икс“.

Претходно Седлоски беше и спортски директор во клубот, а по заминувањето, ги водеше Рига, Широки Бријег, вториот тим на Динамо Загреб, Шкупи, Влазнија и Работнички. Најголемите успеси му останаа оние со Вардар со кого играше и во квалификациите за Лигата на шампионите.

Сезоната како тренер на Вардар ја започна Горазд Михаилов, кој замина од приватни причини, потоа на два натпревари тренер беше Горан Петрески, а него го наследи Захариески.

Најпознатиот македонски фудбалски клуб во моментов е на последната позиција на табелата во македонската Прва лига, со само 8 освоени бодови.

Слични содржини