Во Италија се продаваат конзерви со локален воздух за 10 евра

од Milan1
10 прегледи

Посетителите на езерото Комо во Италија сега можат да понесат со себе необичен сувенир, конзерва со локален воздух. Овој необичен производ, кој содржи 21 отсто кислород и мал процент аргон, јаглерод диоксид, азот и неон, наводно доаѓа директно од брегот на познатото езеро.

Зад овој проект стои маркетинг-агенција, а идејата е да им се овозможи на туристите да земат воздух од езеро каде било во светот, пишува „24 седам“.

Иако звучи како едноставен маркетиншки трик, конзервираниот воздух не е новост. Приказната за овој необичен сувенир датира од 20. век, кога Италијанецот Џенаро Караволо продавал лименки на кои пишувало дека во нив има воздух од Непал. Неговиот производ претставувал алегорија на италијанската снаодливост и креативност, а неговите лименки станале симбол на снаодливоста.

Денес, конзервираниот воздух се продава низ целиот свет – од швајцарските планини до островот Ман. Цената на овие конзерви може да достигне и до 10 евра, а секоја има свои карактеристики и описи: од лекување на носталгијата до опојувачки воздух од Кина.

Некои компании користат конзервиран воздух за да ја подигнат свеста за загадувањето. На пример, британската компанија „Аедаер“ нуди воздух од области со извонредна природна убавина и го инвестира целиот приход во производство на маски за дишење. Од друга страна, една канадска компанија им продава свеж воздух од Канада и Швајцарија на жителите на Кина и Индија, каде што квалитетот на воздухот е загрозен, обезбедувајќи 160 вдишувања по конзерва.

Научниците истакнуваат дека конзервираниот воздух има минимални здравствени придобивки, но како сувенир стана симбол на хуморот и екстраваганцијата. Иако не дава опипливи придобивки, туристите го купуваат како уникатен сувенир, потсетник на местата што ги посетиле, па дури и како подарок со доза на иронија.

Слични содржини