Рама за изборите во САД: Не поддржувам никого, изборната кампања предизвикува поделби

од Nikola Popovski
64 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама говорејќи за изборите во САД рекол дека не ги поддржува ниту демократите ниту републиканците.

„Не поддржувам никого, но сознанието дека бескрајната изборна кампања која предизвикува големи поделби конечно ќе заврши, ми помага полесно да дишам“, изјавил Рама во интервју за италијански „Il Giornale“.

Рама истакнал дека Албанија е многу загрижена за настаните на Блискиот Исток.

„Како и сите, јас сум многу загрижен. Долго време го поддржувавме прекинот на огнот во Обединетите нации и го поддржувавме решението со две држави. Но, остануваме убедени дека уништувањето на Хамас и војната без никакви „ако“ или „но“ против оската на злото, изградена од Иран, мора да бидат неопходен услов за акција во што било друго“, рече Рама.

Слични содржини