Брутален напад на Харков, се бројат загинати и повредени

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Шест лица загинаа, а најмалку 20 се повредени во руски ракетен напад врз Запорожје на југоистокот на Украина, а уништен е и витален инфраструктурен објект, соопштија тамошните власти.

Началникот Иван Федоров во изјава објавена на Телеграм рече дека избувнал пожар. Надлежните не кажаа за каква зграда станува збор.

Пред нападот тие издадоа тревога за балистичка ракета за регионот.

Русија неодамна ги засили своите напади врз Запорожје, користејќи високо деструктивни наведувани бомби, кои украинските сили не можат да ги соборат.

Градот е важен логистички и индустриски центар кој се наоѓа на околу 40 километри од линијата на фронтот. Руските трупи делумно го окупираат регионот Запорожје, во кој се наоѓа и најголемата нуклеарна централа во Европа.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател ги повика сојузниците да дадат поголема поддршка во борбата против руските напади.

Насилството мора да се запре со силни дејствија, објави Андриј Јермак на Телеграм.

Слични содржини