Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и мобилизација

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги потпиша законите за продолжување на воената состојба во Украина и за продолжување на рокот за општа мобилизација до 7 февруари следната година, се наведува на веб-страницата на парламентот.

Забележано е дека и двата закони се вратени со потпис на претседателот и вратени во парламентарниот процес, пренесе Униан.

На 23 јули, Врховната рада на Украина гласаше за продолжување на воената состојба и општата мобилизација до 9 ноември.

Радата на 29 октомври го поддржа продолжувањето на вонредната состојба во Украина за 90 дена.

Ова е веќе 13-то гласање во украинскиот парламент за продолжување на вонредната состојба и мобилизација од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Слични содржини