Градежна инспекторка побарала 4000 евра за да не издава пријава за нелегален објект, поднесена пријава

од Milan1
102 прегледи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

– Пријавената, овластен градежен инспектор во општина Куманово, на 01.11.2024 во угостителски објект во Куманово била затекната како прима поткуп. Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра, информираат од МВР.

Слични содржини