Неофицијално – Донесена одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазити

од Milan1
86 прегледи

Телевизијата „АлсатМ“ неофицијално дознава дека Судскиот совет на денешната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани.

Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од советот поради немање доволно докази.

Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари, објави АлсатМ телевизија.

Слични содржини